Македонија

Сончево и ветровито со температура до 21 степен

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер. Минималните температури ќе се движат од -4 до 4 степени, а максималните од 14 до 21 степен. Во Скопје ќе биде сончево со слаб североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 0 до 19 степени.

Следува период на стабилно, претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури. До четврток утринските температури на места ќе бидат под нулата. Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста.