June 29, 2022 00:37
Македонија

СОНК и МОН ги усогласија ставовите- платите од септември ќе се зголемат за 15 проценти

По неколкучасовни преговори со посредство на медијатор вечерва Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги усогласија ставовите и се договорија платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истото ќе важи и за вработените во градинките.

На средбата, што се одржа во Министерството за образование и наука, се допрецизирани и колективните договори и договорено е во иднина при креирањето на буџетот заеднички да се разговара со синдикатот.

Препораките од помирувачот ќе бидат претставени пред членството на Синдикатот, а претседателот на СОНК Јаким Неделков се надева дека ќе бидат прифатени по што најдоцна за 10 дена треба да биде потпишана спогодба меѓу СОНК и МОН.

– Сметам дека нашето членство ќе ги прифати овие препораки на помирувачот и дека ова ќе се претопи во спогодба која претходно мора да помине на орган на одлучување и Советот на СОНК ќе ме овласти да потпишам спогодба, изјави Неделков по состанокот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири изрази задоволство што е најдено заеднички прифатливо решение согласно буџетските можности во овие кризни времиња.

– Повисоки плати во образование ќе има. Освен порамнувањето што го имавме претходно со минималната плата, се договоривме за дополнително зголемување на платите за 15 проценти со исплата од септемвриската плата. Мислам дека ова е прифатливо за двете страни согласно буџетските можности во овие времиња кога функционирањето на државата и управувањето со буџетот е отежнато поради економската и здравствената криза, рече Шаќири по средбата.

Со ова на истекот на законскиот рок, двете страни со посредство на помирувач назначен од Министерството за труд и социјална политика, најдоа заедничко прифатливо решение за барањата на Синдикатот.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

Поврзани вести

Нови 168 случаи со Ковид-19

Igor

Изгласани законските измени- трговците во туристичките места ќе работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница

Igor

Вархеји: Нема веќе пречки за Македонија, Бугарија го прифати решението

Igor

go88 bản web go88 ol go88 hotline

sunwin laser engraver Sunwin - Top 1 game bài đổi thưởng uy tín - Link vào SUN WIN sunwin ông già noel