„Во време на висок процент на заразени, зима и минусни температури, не сме сигурни дека Владата донесе исправна Одлука за начинот на одржување на наставата во второто полугодие. Отворените прозорци во училницата нема да го спречат ширењето на вирусот. Влада, МОН, преиспитајте ја одлуката додека не е доцна!“, реагира Самостојниот синдикат за образование и наука утрово преку фејсбук.
Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирус.