Во земјава заклучно до 31 октомври се пријавени сомнежи за два смртни случаи после примена вакцина против ковид-19, но тоа треба официјално да се утврди од Мониторинг центарот УПСАЛА и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), вели раководителката на секторот во Агенцијата за лекови и медиински помагала МАЛМЕД, Мерјем Хаџихамза.
Станува збор за сомнеж за пријава на смрт на 53-годишен маж лице после примена „Фајзер“ , која била регистрирана во септември и 85-годишен маж после примена вакцина на „АстраЗенека“, пријавата е во април. Податоците беа презентирани на денешната онлајн средба на новинарите со Хаџихамза и в. д директорот на МАЛМЕД Љирим Шабани, во организација на НВО Инфоцентарот.
Хаџихамза и Шабани потенцираа дека станува збор за сомнежи и неофицијални податоци, и апелираа до јавноста да не се земаат здраво за готово, бидејќи, кaко што кажаа, ефектите од вакцинацијата се далеку, далеку поголеми.