October 22, 2020 05:26
Спорт

Солскјер ја забележа 50. победа со Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солскјер извојува 50. победи како тренер на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер Јунајтед. За да го стори ова, му беа потребни 92 натпревара.

Пред него само Ернест Магнал (78 натпревари) и Жозе Мурињо (81 натпревар) имаат постигнато 50 победи во помалку натпревари.

Солскјер малиот јубилеј го прослави синоќа по победата на неговите избраници на дуелот од ЕФЛ купот против Лутон (3:0).