October 18, 2019 08:33
Спорт

Солари: Можеме да ја освоиме Лигата на шампионите четврти пат по ред

Сантијаго Солари е сигурен дека предводениот од него Реал Мадрид може да ја освои Лигата на Шампионите по четврти пат по ред.

„Белите” триумфираа во најсилниот клубски турнир во светот во последните три сезони, а сега повторно имаат амбиции за нов успех.

– Фудбалот не тера да сонуваме. Играме на највисоко ниво – тоа е сон, но понекогаш соништа не се остваруваат. Многу често фудбалот те тера да почнеш одново. Не е невозможно Реал Мадрид да ја освои Лигата на Шампионите четврти пат по ред, изјави Аргентинецот за весникот „Марка”.

Во осминафиналето на турнирот „белите” ќе играат против Ајакс. Првата средба е на 13 февруари во Амстердам, а Реваншот е на 5 март во Мадрид.

Нови вести

(Видео) Дал гол со глава од својата половина на теренот

Igor

Познат изгледот на официјалната топка на ЕП 2020

Igor

Ајакс мина најлошо пред дисциплинците на УЕФА

Igor