November 30, 2020 04:38
Македонија

Советот на амбасадори го поздравува повлекувањето на Предлог законот за надворешни работи од собраниската процедура

Советот на амбасадори денеска преку соопштение го поздравува повлекувањето на Предлог законот за надворешни работи од Собраниска процедура од страна на актуелниот министер за надворешни работи.

Потсетуваме дека во декември 2019 на првата јавна дебата Советот на амбасадори ги изнесе своите ставови за Предлог законот за надворешни работи истакнувајќи дека се работи за многу комплициран текст, во некои сегменти спротивно на некои одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 год.

-Советот на амбасадори уште еднаш го афирмира својот став дека Предлог-текстот на Законот за надворешни работи имаше за цел задоволување на меѓу-партиските кадровски комбинаторики и апетити во едно многу чувствително време и во исто така чувствително подрачје како што е дипломатијата. Предлог текстот на Законот за надворешни работи веќе повлечен од Собраниска процедура имаше за цел да создаде централизирано владеење на тогашниот МНР со група свои истомисленици и во некои сегменти беше далеку под квалитетот на Законот за МНР кој е сеуште во сила. Советот смета дека нашата држава со после тридецении самостојна дипломатија треба да прави напори квалитетно да ја зајакне нејзината дипломатска служба во целина. Оваа суптилна служба не може и не смее да биде инструмент на ограничен број на дипломати особено заради фактот што земјата се соочува со големи предизвици на нејзиниот пат кон евроинтеграциите, се наведува во соопштението од Советот на амбасадори.

Воедно, го потсетува актуелниот министерот за надворешни работи, дека во нивниот Совет членуваат истакнати дипломати од највисок ранг, кои нашата земја ја претставувале надвор во најдобро светло и особено во најтешките мигови на осамостојувањето, а како дипломати од кариера учествувале во изработката и на многу акти во МНР, вклучително и на актуелниот Законот за надворешни работи. Од овие причини, од Советот на амбасадори, како што наведваат, очекуваат во ново формираната Комисија за изработка на нов Закон за МНР да бидат вклучени и негови членови.