October 27, 2020 05:32
Македонија

Советот на амбасадори го осудува инцидентот врз екипата на ТВ Ал Џезаира

Советот на амбасадори го осудува инцидентот врз екипата на ТВ Ал Џезаира, предизвикан пред неколку денови на еден од протестните собири против енергетската политика на Владата. Физичката конфронтација на дел од активистите на тој протест со новинарката Милка Смилевска, постојана дописничка на оваа тлевизија од Скопје, го дефинираме како крајно непримерен гест против граѓанските права и слободи воопшто и посебно, против правата за слободно, и професионално информирање на пошироката граѓанска јавност од страна на електронските и

печатените медиуми. Советот на амбасадори решително стои на позициите на подршка на сите клучни уставни и законски одредби и прописи за заштита на слободата на изразување и на професионалноста во новинарската дејност. Овие вредности ги сметаме за решавачки и безусловни и во напорите на нашата земја што поскоро целосно да се вклучиме воголемото европско семејство, каде што реално припаѓаме, и да ги достигнеме сите највисоки стандарди на однесување, иманентни на  високоразвиените демократски општества!