April 15, 2021 09:59
Свет

Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за правична дистрибуција на вакцините

Советот за безбедност на ОН денеска едногласно усвои резолуција изготвена од Велика Британија, со која се повикува на фер дистрибуција на вакцините против Ковид-19, соопштија дипломатски извори.

Резолуцијата, која е втора поврзана со пандемијата што Советот за безбедност ја усвојува за една година, исто така, повикува на солидарност, како и за прекин на воените акции низ целиот свет со цел поуспешна борба против вирусот и вакцинација.

Резолуцијата беше едногласно поддржана од сите 15 членки на Советот за безбедност, што не се случува често.