Македонија

Собранискиот спикер Џафери најви карантин за Собранието

Откако пропаднаа обидите да се изгласаат законите од 32. седница за да се започне 36. седница на која треба да се гласа пакетот економски мерки, собранискиот спикер Талат Џафери ја затвори седницата.

Тој на крајот на пратениците им кажа дека утре ќе има состанок со останатите потпретседатели на Собранието, со кои ќе разговара за евентуално воведување на карантин за Собранието. Тој не објасни што треба да значи тоа и колку ќе трае, а се побунија пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери на тоа им кажа да влезат да се заврши 32. седница, но тие одбија.

– Очигледно како што одат вака бројките на инфекцијата, веројатно утре на седница на претседателството на Собранието, ќе биде точка на дневен ред и за карантин на Собранието. Мора да објавиме карантин – рече Џафери на крајот од седницата.

Кога ќе продолжи започнатата 32. седница на која треба да се гласаат десетина закони, не е познато.

AnimeDao animes online: My Hero Academia 2 (https://animedao.nl/m/xOby) Episode 25

AniWatch watch anime: High School DxD (https://aniwatch.pro/m/vNr) Episode 12