January 30, 2023 02:12
Македонија

Собраниска делегација утре и задутре ќе учествува на 60. Генерално собрание на ПАБСЕК во Белград

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) предводена од Лидија Тасевска, а во чиј состав се и членовите Вјолца Адеми и Благица Ласовска, ќе учествуваат на 60. Генерално собрание на ПАБСЕК, кое утре и задутре ќе се одржува во Белград, Србија, во организација на Парламентот на Република Србија, кој претседава со ПАБСЕК.

Како што информираат од собраниската прес-служба, се очекува на Собранието да му се обрати Александар Вучиќ, претседател на Република Србија, Ивица Дачиќ прв заменик премиер одговорен за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи на Република Србија, како и Нику Попеску, претседавач на БСЕК и министер за надворешни работи и европска интеграција на Република Молдавија.