February 3, 2023 20:10
Македонија

Собраниска делегација на Трансатлантски форум во ПС на НАТО

– Во рамките на редовните активности, Делегација од Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на НАТО ќе учествува на Трансатлантскиот форум, кој се одржува од 4-ти до 8 декември 2022 година во Вашингтон, САД.

На состанокот, како што информира собраниската прес-служба, учествуваат делегации од националните парламенти на земјите членки на НАТО, како и делегацијии од парламентите на асоцијативните земји. Од Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува целата делегација во состав – Арта Билали Зендели, шеф и членовите Илија Николовски и Антонијо Милошоски.

Како што се вели во соопштението, овој тип на настан, кој се одржува во затворен формат, овозможува размена на мислења со високи претставници на американските власти и истакнати експерти за клучните надворешно политички приоритети на САД во контекст на целите и активностите на НАТО.