Македонија

Собранието усвои три од законите за чие стапување во сила Иванов не ги потпиша указите

Собранието на Република Северна Македонија денеска во рамки на 97. седница усвои три закони во трето читање што беа вратени во Парламентот зашто поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов одби да ги потпише указите за нивно стапување во сила.

На седницата беа усвоени Законите за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и Закон за инспекциски надзор.

Ова се дел од законите кои беа усвоиени во изминатиот период, но не стапија на сила поради непотпишувањето на указите од страна на Иванов, со образложение дека нема да потише ниту еден закон со новото име на земјата.

Собранието продолжи со работа со точки кои се останати на дневен ред на 94-та седница.

Нови вести

(Видео) Стоилковски: На вечерашниот состанок на ЦО, Заев да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ

Filip

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Filip

СДСМ: Заради справување со сиромаштијата што ја остави ВМРО-ДПМНЕ, Владата ја зголемува социјалната помош за 300 отсто

Filip