Македонија

Собранието разгледа повеќе закони, гласањето ќе биде дополнително закажано

Собранието попладнево ја продолжи 34. седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони во прво читање. Кај пратениците генерално немаше интерес за расправа и не гласаа. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски информира дека пратениците за гласањето дополнително ќе бидат информирани.

На седницата заврши општата расправа по повеќе предлог закони во прво читање, како Предлог- законот за изменување на Законот за стоковните резерви, Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите и беше донесен заклучок дека тие можат да се дадат на натамошно, односно второ читање и до соодветните собраниски комисии. Гласањето по овие закони дополнително ќе се изврши.

Мисовски информира дека Информацијата за нацрт-концепција за основно образование, поднесена од група пратеници, ќе се разгледува штом се создадат услови за тоа. Тој ја прекина седницата и најави дека пратениците ќе бидат дополнително информирани за нејзиното продолжување.

Собранието претпладнево во рамки на 34. седница го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за даноците на имот, во прво читање и го даде на понатмошна постапка.

AnimeTV anime tv us: Gintama (https://animetv.cc/m/xzP) Episode 201

4Anime heroes rising 4anime: Watch Black Clover: The All Magic Knights Thanksgiving Festa Episode Full