December 7, 2022 20:14
Свет

Соборениот лидер на хунтата во Буркина Фасо се согласи да поднесе оставка

Лидерот на владејачката хунта во Буркина Фасо, потполковник Дамиба, кој беше разрешен од капетанот Ибрахим Траоре во петокот, но кој одби да абдицира, конечно денеска се согласи да поднесе оставка, соопштија верските и општинските лидери.

„По посредништвото, претседателот Пол Анри Сандаого Дамиба самиот предложи оставка за да се избегнат конфликти кои би довеле до сериозни последици”, се наведува во соопштението.