October 28, 2020 00:05
Uncategorized

Сноуден: Израелска технолошка компанија ги одведе Саудијците до Кашоги

„Свиркачот” Едвард Сноуден, поранешен програмер во американската Национална базбедносна агенција (НСА), изјави дека постои врска меѓу убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и израелската технолошка компанија Група НСО.

Во видео-обраќањето до група израелски новинари и други гости, Сноуден, кој се наоѓа во Русија, ја критикуваше се поголемата израелска кибер индустрија на надзор.

Тој рече дека постои врска меѓу убиството на Kашоги и саудиското користење на софтверот „Пегас” на Групата НСО, чие седиште е близу Тел Авив.

„Како тоа имаме индустрии во развиените земји кои ја користат својата моќ не за да спасуваат животи, туку за заработувачка до таа мерка и до тоа ниво на негрижа и неодговорност што тоа почнува да чини животи, праша Сноуден. Таа израелска компанија тој ја окарактеризира како „најлоша од најлошите” меѓу фирмите кои се занимаваат со кибер надзор, тврдејќи дека целиот бизнис е заснован на идејата за развој на средства за дигитална кражба”. „Пегас” испраќа порака на телефоните на одредени лица кои ги наведуваат да кликнат на линк,. по што компанијата има целосна контрола над тие телефони, вклучувајќи содржина, историја, а може и да ги активира микрофонот и камерата доколку сакаат. Сноуден тврди дека такви линкови се испраќаат на мексикански новинари, полицајци, антикорупциски групи, а при тоа компанијата не знае кои се тие луѓе, ниту и е грижа, бидејќи „смета дека тоа не е нејзин проблем”.

Тој истакна дека со причина се верува дека софтверот „Пегас“ е поврзан со убиството на кашоги во саудискиот Конзулат во Истанбул.

„Како знаеле кои му се намерите? како одлучиле дека тој е некој против кого мора да дејствуваат, дека е вреден за ризикот?, праша Сноуден, додавајќи дека телефонот и контактите на пријател на Кашоги биле со багови, со кој бил заразен преку користење софтвер креиран од таа израелска компанија, но дека не е познат синџирот на последици бидејќи фирмата тоа никогаш нема да го коментира„. 

Поврзани вести

Трамп задоцни со отчетот до Конгресот за убиството на Кашоги

Igor

Турска телевизија објави наводно пренесување на останките на Кашоги

Igor

Турција бара истрагата за убиството на Кашоги да ја води ОН

Igor