January 16, 2021 18:27
Балкан

Снежно невреме и минусни температури доаѓаа на Балканот овој викенд

Невреме со снежни врнежи и ниски температури стигнува на Балканот предупредуваат српските медиуми повикувајќи се на  извори од Хидрометеоролошкиот завод во земјата. Ова невреме кое се очкува уште од петок да ги зафати Хрватска и Србија и да продолжи кон Турција и Грција треба да пристигне од Шпанија, каде по десет години донесе обилни снежни врнежи и создаде потешкотии за граѓаните.

Во Хрватска, бурата Филомена, која го донесе снегот во Мадрид и ја симна температурите на -36 степени, се очекува да ги покаже своите „заби“ во периодот од 16 до 19 јануари.

-Ни доаѓа бурата од Шпанија, бидејќи ние сме поврзани со циклон кој моментално се наоѓа во Источна Европа и вовлекува многу студен воздух. За нас тоа значи дека за викендот не чекаат ледени денови низ цела Србија. Во некои делови, веќе во петок – изјавил Александра Травица, метеоролог од РХМЗ, за порталот Нова.рс и потсетува дека ниски температури се многу нормални за овој период од зимата.

Студените денови какви се најавуваат значат дека температурите нема да се искачат над нулата.