March 24, 2019 04:24
Балкан

Снежен бран го зафати Балканот

Снежниот бран кој ги зафати Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија предизвика проблеми во патниот сообраќај.

Во Далмација паднаа 40 цм снег, каде под снежна покривка се и приморските градови Омиш и Сплит. Снегот почна да паѓа вчера попладне, а посебно густ беше во Далматинска загора. За чистење на снегот се ангажирани 30 возила на земската служба. Метеролозите најавуваат разведрување во Хрватска, а потоа, во четврток се очекува силна бура.

Поради снежната бура во хрватскиот град Имотски денеска нема да се одржува настава во основните и средните училишта.

И главниот град на Црна Гора – Подгорица утрово се разбуди под снежна покривка. Според Хидрометеоролошкиот завод во градот паднале седум цм снег. И во приморскиот град Улцињ врнеше снег, каде снежната покрива е еден цм. Локалните власти повикуваат на претпазливост во сообраќајот.

Во близина на српскиот град Кикинда, автобус излета од патот, а според очевидци во инцидентот нема повредени. Авто-мото сојуз на Србија предупреди дека во северниот и западниот дел на земјата се очекува локална појава на дожд, која ќе се заледува на тлото, додека на југозапад, југ и југоисток на Србија се можни обилни снежни врнежи и значително зголемување на снежната покривка поради што повикуваат на задолжително носење зимска опера и внимателност про возењето.

Снежната покривка од неколку сантиметри предизвика проблеми во сообраќајот и во делови на Босна и Херцеговина. Сепак локалните власти информираат дека патиштата редовно се чистат и иако е сообраќајот отежнат, сите патни правци се проодни.

Нови вести

Протестот во Белград вечерва започна со минута молк за жртвите од бомбардирањето

Igor

Бугарската министерка за правда поднесе оставка, купила стан под пазарната цена

Igor

При обид да ја напушти Албанија, уапсен Индиец, поврзан со браќата Сандесара

Igor