January 27, 2023 08:54
Македонија

Снег вее на Плетвар и Стража

Во моментов снег вее на планинскиот превои Плетвар и Стража, затоа се препорачува внимателно возење.                                                                                                                                                -Поради заладување во вечерните и ноќните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а и во некои од пониските места главно во западните делови. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а мала снежна покривка ќе се формира и на повисоките места во западните делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи за вечерва.

За утре, пак, прогнозите велат дека во утринските часови на места ќе провејува снег, а во текот на денот ќе нѐ очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта – Скопје соопштија дека ја следат состојбата на сите патни правци и планински превои низ државата.