January 21, 2020 14:41
Македонија Скопје

Смилевски: Жално е што ВМРО ДПМНЕ го искористи инцидентот за собирање поени

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ги повика граѓаните на смиреност по вчерашниот инцидент, кога на автобуската станица пред Општината со нож беше прободен малолетник од група насилници. Смилевски изрази жалење што претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, Дарко Костовски го искористи инцидентот за собирање на политички поени.

-Почитувани сограѓани, најостро го осудувам немилиот настан и му посакувам на младото момче побрзо опоравување. Навистина е жално една ваква сериозна ситуација во која се очекува политичката партија ВМРО ДПМНЕ да биде конструктивна и да допринесе за заедничко решавање на вакви изолирани и немили настани дополнително да ги подгрева случувањата со единствена цел преку грбот на немилиот настан што му се случи на ова младо момче да придобие политички поени. Напоменувам дека сторителите на немилиот настан се откриени од страна на полицијата и на истите им се поднесени соодветни пријави. Апелирам до сите граѓани на смиреност!, напиша Смилевски на Фејсбук.

Почитувани сограѓани,Најостро го осудувам немилиот настан и му посакувам на младото момче побрзо опоравување.Навистина…

Posted by Velimir Smilevski on Сабота, 07 декември 2019

Според МВР, во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека вчера околу 19:45 часот, на улицата Александар Урдаревски бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда. Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, а потоа е пуштен на домашно лекување. Сторителите ѝ се познати на полицијата и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопшти денеска МВР.

Нови вести

Најавите за поништување на Договорот од Преспа се директна закана за членството во НАТО

Igor

Пратениците со меѓусебни обвинувања за работата на Акетната комисија за Охрид

Igor

СДСМ е стабилен и искрен партнер на граѓaните- гледаме напред

Igor