November 30, 2021 10:34
Македонија Скопје

Смилевски: Го сменивме ликот на Бутел за само четири години

ВЕЌЕ ОД ПРВАТА НЕДЕЛА НА НОВИОТ МАНДАТ – ПОЧНУВАМЕ ДА ГРАДИМЕ!

Сè што беше планирано и приоритетно е реализирано или е започнато да се реализира, Бутел е општина со најбрз економски развој, но и место каде што по изборите ќе се вдомат повеќе нови странски инвестиции, вели во интервју за 24 Инфо, актуелниот и сè поизвесно старо-новиот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски.

Смилевски, познат меѓу бутелчани по својата скромност, работливост и чесност, очекува уште  еднаш да ја добие нивната доверба, бидејќи со цело срце посакува Бутел како најмлада општина во Скопје да биде помеѓу најразвиените општини, но за да може да ја реализира желбата, не е доволно еден мандат.

Развојот на Бутел беше проритет. Многу направивме во овие четири години бидејќи наследивме состојба која не укажува дека развојот на општината бил во прв план. Граѓаните знаат дека во првата година мојот фокус беше ставен на секој граѓанин. Јас имав скоро секој ден приемен ден со граѓаните поради големиот број на барања. Нивните проблеми беа таложени повеќе од деценија. Наследив долгови и проблеми кои ми одземаа драгоцено време од првиот мандат. За 12 години пред да дојдам на градоначалничката функција Општина Бутел имаше изработено само 8 ДУП-а, а ние за четири години усвоивме 8, а уште 21 се во фаза на усвојување во Министерството за транспорт. Но последниве две години сме многу активни на терен. Бутел почнува да го менува ликот на најсиромашна скопска општина. Успеавме не случајно во изминативе четири години да ги зголемиме приливите на општината. Во 2017 година наследивме буџет од 112 милиони денари, сега во 2020 година беше187 милиони, а најдобра ни беше 2019 година со над 200 милиони денари буџет. Со тоа докажуваме дека првенствено приоритет ни беше промена на дуповите и промена на начинот на работа.

Кои се основните цели на Општината во наредниот мандат?

Приоритет за следниот мандат е целосно поставување на атмосферската канализација, што е најгорлив проблем за граѓаните. Бутел во изминатите години беше заборавен не само за изградба на атмосферска канализација, туку имавме населби кои воопшто немаа асфалт. Но, допревме до сите улички во општината, отидовме и онаму каде што 50 години не е поставен асфалт. Изградивме околу 70 улици, а во првата година од новиот мандат со уште 20 улици ќе завршиме целосно со асфалтирање на Бутел. Радишанска” и „Бутелска” ќе бидат целосно реконструирани. Почнавме со планска изградба на фекална канализација и водоводна мрежа, ги отворивме сообраќајните артерии на Општината. Ги решаваме клучните инфраструктурни проблеми, градиме нови булевари, реконструираме, санираме, поврзуваме, сè со една цел – Бутел да продолжи да расте урбано и економски како и во изминатиот четиригодишен период. Го пуштивме во употреба булеварот Христијан Тодоровски Карпош, еден од најзначајните инфраструктурни зафати. Од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до Обиколницата, по булеварот се патува брзо, сигурно, безбедно, по сите светски стандарди. Бутелчани и сите останати граѓани добија алтернативна сообраќајница, бидејќи досега единствената патна опција за поврзување со централниот дел од Скопје на неколку десетици илјади жители од Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен и други населени места, беше улицата Бутелска, со што понуди решение за големиот сообраќаен метеж низ Бутел.

Што е она што Ве прави горд во однос на сработеното во изминативе четири години?

Бутел е општина со најбрз економски развој. Во последните четири години имаме повеќе од 60 нови добростоечки фирми и зголемен број на вработувања. Тука не зборуваме само за физички работници, туку и ИТ компании, како и трговски фирми. Општината покажа исклучително голем економски раст што несомнено придонесе голем број на компании да инвестираат токму во нашата општина. Како доаѓа времето, во Бутел ќе немаме работници. Во следниот период  доаѓаат странски инвестиции кои се значајни не само за Бутел, туку за целата земја. Бутел ќе биде местото каде што нова странска инвестиција, по изборите фирма гигант ќе ја изгради својата дирекција и главните магацини. Во изминатите четири години реализиравме над 250 проекти значајни за граѓаните. Во секоја населба и секое населено место се реализирани проекти, извршена целосна реконструкција на градинките и училиштата со енергетски ефикасни фасади, прозори и кровови. Оваа и измината година општината инвестираше набавка на механизација со што се зголеми продуктивноста на комуналната служба. Изведени се бројни акции за чистење на диви депони,  изградени се 200 метри од коритото на реката Серава, исчистени 1.000 метри од коритото и заштитниот појас. Многу важно за жителите на Бутел е што со дислокација на Полициската станица во месноста Расадник, ќе изградиме голем Зелен пазар. Ќе ставиме исклучителен акцент во развојот на новата индустриска зона Расадник, која ќе создаде општина со економска иднина и големи можности за развој на малите и средни претпријатија во сите области. Бизнис заедницата ќе биде партнер на општината во креирањето на развојните политики.

Развојот на Општината не бил приоритет на претходната владеачка гарнитура, па еден Ваш мандат не е доволен за реализација на ветеното. Дали нереализираните проекти ќе бидат завршени во наредниот мандат?

Мојата листа за наредната година е составена од реализација на останатите поважните проекти кои беа ветени во мојата предизборна програма. Станува збор за изградба на нова поликлиника која во изминативе четири години не беше можно да се изгради бидејќи претходната власт немаше предвидено локација за нејзина изградба во деталниот урбанистички план па сега се отвори нов ДУП во кој се вцртува нова парцела за изградба. Поликлиниката во целост ќе биде сервисирана од владата, а се надеваме дека за брзо време ќе отпочнеме со изградбата. Новите детални урганистички планови ќе овозможат и сега и во иднина да се реализираат сите проекти неопходи за жителите. Клучни проекти и во завршна фаза се изградба на градинка во состав на ООУ„Св. Климент Охридски”, како и основно училиште во Визбегово. За изградба на училиштето обезбедивме целосна канализациона, водоводна и електрична мрежа, како и пат до местото на кое е предвидено да се гради училиштето. Донесен е и нов ДУП, кој што е прилагоден според потребите на училиштето. Предвидени се монтажни катни гаражи: две катни гаражи во Скопје-Север, една во ТЦ „Живко Брајковски” и во Радишани. Обезбедени се средства и две локации за изградба на нова полициска станица и нов противпожарен пункт. Тоа ќе бидат типски полициски станици, кои се градат веќе низ државата. Надоврзувајќи се на инфраструктурните објекти во тек, а во врска со тополовдниот систем и парното греење во Бутел изготвено е техничко решение од страна на новото раководство на градскотото претпријатие, добиени се сите лиценци, а постапката е поставена на седница на Совет, во завршна фаза.

Што можат да очекуваат бутелчани во однос на решавање на социјалните проблеми, но и во сите аспекти на локалниот живот, особено младите и пензионерите?

Во согласност со програмата за локален економски развој (ЛЕР) на Општина Бутел, 72 дечиња од семејства во социјален ризик, деца корисници на посебен додаток со пречки во развојот и деца без родители и родителска грижа летово заминаа на бесплатен 7 дневен одмор. Реализацијата на овој проект е во насока на надминување на проблемот на социјална исклученост на децата што се во социјален ризик, односно надминување на нивната неможност ефективно да учествуваат во културниот и социјалниот живот, што директно доведува до нивно отуѓување и дистанцирање од нормалните текови на животот. Заедно со Општина Чучер- Сандево во соработка со хуманитарната организација АДРА, Скопје започнавме со реализација на домашна нега и помош за стари и изнемоштени лица во општините. Сите тие, откако ќе добијат Решение од подрачните центри за социјална работа дека имаат потреба од помош и нега во домашни услови, ќе може да се обратат до АДРА и ќе добијат бесплатна услуга на помош и нега во нивните домови од лиценциран негувател. За оваа цел е адаптиран простор на улицата Ферид Бајрам бр. 17 во Бутел 2, каде што е сместено седиштето на АДРА и каде што заинтересираните може да добијат информации за начинот, условите и постапката за користење помош и нега во домашни услови. Во однос на грижата на постарите граѓани треба да се истакне комплетната реконструкција на собиралиштето за пензионери од Бутел 1, кое во минатото се користеше за повеќе намени, меѓу кои и како Народна кујна.

Сакам да нагласам дека Општина Бутел е модел за инклузивна општина во која сите се добредојдени и со тек на време се стреми да го подобри пристапот за сите граѓани и нивната вклученост во сите аспекти на локалниот живот. Имено, во Општината изминатиов период се изгради инклузивно детско игралиште во Бутел 1  и се  адаптираше и опреми сензорна соба за деца со атипичен развој во градинката „11 Октомври”, работна единица „Ташко Караџа” во населбата Радишани. Имајќи предвид дека е голем бројот на деца со развојни задоцнувања во претшколската возраст и дека тоа е период кога најмногу може да придонесеме за нивниот развој е всушност и причината поради која инвестираме во вакви содржини кои досега ги немаше во детските градинки. Во иднина, Бутел планира да  спроведе проценка на тоа колку е пристапна општината  за лица со попреченост и други ранливи групи, за да увиди што е тоа што функционира во смисла на инклузија, за што треба да се промени и подобри. Општина Бутел, по 15 години, ќе го добие својот прв Културен центар, кој ќе биде лоцирани во населбата Радишани, во старото училиште. Со отворање на Домот бутелчани ќе добијат реална општествена и културна инклузија, а на граѓаните ќе им се овозможи да имаат пристап до културни содржини и манифестации. Предвидено е сите досегашни манифестации кои ги прави Општината, како што се изложби, фолклор, базари, колонии и други да бидат пренасочени во просториите на новито Културен дом. Секако, процент од општинскиот буџет како и досега ќе биде одвоен за локалниот младински совет па и младите ќе бидат наши партнери.

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeDao: Momoiro Sisters anime episode 24 online free at https://animedao.nl gleipnir animedao

Website https://wcostream.cc: Watch Phantom: The Animation wcostream Episode 3 the flintstones wcostream

https://gogoanime.be gogoanime 10

Website https://animeheaven.pro: Watch Rozen Maiden: Detective Kun-Kun animeheaven Episode Full animeheavens