July 25, 2021 15:02
Македонија

Случаите со Рашковски и Мијалков покажуваат дека нема недопирливи, тврди Николовски

Треба да се знае кој за што е одговорен, не можам да коментирам дали некој е невин или да навлагам во судски постапки, одговори денеска заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски прашан за одлуката на обвинителството дека нема одговорност за Сашо Мијалков дека не бил дома кога требало да му се достави решение за куќен притвор и за одлуката за Драги Рашковски да се брани од слобода.

-Системски го  променуваме работите за кои одговорност треба да има за секој. Ако пред некоја година институциите биле затворени за јавноста и медиумите, денеска институциите се отворени, ова е доказ дека само со отвореност и достапност до информацииите може општеството да напредува и може да има правда за секој, да не може да се сокриваат предмети и случаи, да не стојат истрагите и да влијае човечкиот фактор или политиката. Мислам дека конечно ги ослободивме институциите, а судството и обвинителството треба да си продолжат да си ја вршат својата работа и да бараат одговорност во случаите, нагласи Николовски.

Во однос на мерките за обезбедување на присутност на обвинетите, вицепремиерот за борба против корупцијата рече дека тие коментари треба да се добијат од оние кои се надлежни, односно обвинителството и судството.

-Наше е да обезбедиме отвореност и транспарентност, да нема недопирливи. Овие случаи со Сашо Мијалков и Драги Рашковски и сите останати, денес потврдуваат дека нема недопирливи, дециден е Николовски. 

AniWatch Watch anime online, English anime online HD. Watch Welcome to Demon School! Iruma-kun (Dub) Episode 23

ANIMEFLIX Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed. Aria the Origination: Sono Choppiri Himitsu no Basho ni... Episode Full

KissAnime - Watch Anime Online Free English Sub & Dub | Kiss Anime. Room Mate Episode 12