November 24, 2020 07:41
Балкан

Словенците за прв пат од Втората светска војна воведуваат полициски час

Словенците за прв пат од Втората светска војна воведуваат полициски час. Словенија е третата земја од Европската Унија која од вечерва воведува полициски час, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Општата забрана за движење ќе биде на сила од 21 до шест часот и нема да важи само за оние кои одат на работа и за итни случаи. Ако немаат недоложна работа, Словенците не смеат да го напуштат местото на живеење.

Словенечката влада вчера прогласи 30-дневна епидемија во земјата и донесе други рестриктивни мерки, при што се забрануваат сите собири со повеќе од шест луѓе, како и сите јавни настани, венчавки и верски церемонии.

Властите проценуваат дека 1 отсто од населението е заразен со коронавирусот, при што денеска се потврдени 794 нови случаи.

Во Словенија 192 луѓе починаа од коронавирусот, а вирусот е потврден кај повеќе од 14.000 луѓе.