February 17, 2019 11:40
Македонија

Словенија ќе го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО

Словенечкиот парламент на вонредна седница ќе го ратификува протоколот за членство на Република Македонија во НАТО.

„Државниот збор на Република Словенија, денеска ќе има вонредна пленарна седница на која во 10:55 ќе се гласа за ратификацијата на протоколот за членство на Република Македонија во НАТО, со што ќе биде првиот национален парламент на земја членка на НАТО што по Република Грција ќе го отвори патот за следните национални парламенти“, соопштија од сбораниската прес-служба.

Непосредно пред гласањето, пред пратениците на Државниот збор, ќе се обрати претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.

Related posts

Муса: Тврдам дека вакцините што се во употреба се уредни и ги исполнуваат европските стандарди

Ivona

Собранието не прифати денеска да се расправа за законот за амнестија за „27 април”

24news

Приватните пораки од мобилниот телефон на Трајко Вељаноски на судење за 27 април

Ivona