August 14, 2022 20:08
Балкан Македонија

Словенија со свој предлог до ЕУ за Македонија и Албанија

Словенија доставила свој документ до 26. влади на земјите членки на Европската Унија во кој се бара Македонија и Албанија да ги отпочнат преговорите со ЕУ, визна либерализација за Косово и кандидатски статус за Босна и Херцеговина. Министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, во контекст на заложбите за евроинтеграциски пат за Украина и Молдавија, вели дека не треба да се заборави на Македонија и Албанија и дека треба да се забрза евроинтеграцијата на Западен Балкан.

Фајон изјави дека Словенија го поддржува кандидатскиот статус за Украина и Молдавија, но дека не смее да се заборави Западниот Балкан во тој процес, за да остане политиката на проширување на ЕУ кредибилна.

Фајон предупреди дека процесот на проширување е доведен под прашање и дека ги поддржува сите напори за Северна Македонија, Албанија, Косово и Бих.