Балкан

Словенија со рекордни 13.911 новозаразени, дури 75 отсто позитивни тестови

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се досега рекордните 13.911 зарази со коронавирусот, а позитивни биле дури 75,5 отсто од тестовите, па владата во сѐ уште тешката епидемиолошка ситуација не размислива за попуштање на мерките.

„И покрај растот на бројката на заразените, показателот за хоспитализираните пацеинети е стабилен, но со вакво високо присуство на вирусот во популацијата, очекуваме протисок врз одделите за интензивна нега. Поради тоа, не размислуваме за дополнително попуштање на мерките, туку размислуваме за излезна стратегија“, изјави за медиумите коментирајќи ги високите бројки, инфектологот Матеја Логар којашто ја води владината стручна група за Covid-19.

Во последните 24 часа во Словенија со 18.428 PCR тестирања потврдени се 13.911 инфекции со коронавирусот, со 75,5 отсто позитивни, што е најголема бројка на заразените во еден ден од почетокот на епидемијата, објави Националниот институт за јавно здравје (NIJZ).

Покрај тоа, биле направени и повеќе од 73.000 брзи антигенски тестови, чиишто резултати сѐ уште не се објавени бидејќи позитивните наоди дополнително треба да бидат потврдени со PCR тестирање.

Седумдневниот просек на коронаинфекциите во еден ден со новиот показател се зголемил на 9.991 зараза, а 14-дневната инциденца на заразените на 100.000 жители на 5.335 зарази.

Во Словенија во моментов има 101.906 активни случаи на заразата, според податоците на министерството за здравство.

Во болниците во моментов има 608 ковид-пациенти, 135 од нив се одделите за интензивна нега, а во последното денионоќие починале 17 пациенти, со што бројката почината од последиците од Covid-19 се зголеми на 5.768 луѓе.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 22

Black Clover (Dub)

watch subbed anime GoGoAnime Dragon Ball Super (Dub)

anime streaming GoGoAnime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Part 2

Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Mugen Train Arc