December 5, 2021 12:59
Балкан

Словенија евидентира 1.437 ново инфицирани од корнавирусот

Во изминатото деноноќие  Словенија регистрираше 1.437 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен број на инфекции од 30 март. Од последници предизвикани од ковид -19  починале 4 лица, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Неделниот просек на нови случаи е 927, а НИЈЗ проценува дека 12.158 луѓе во моментов се заразени во земјата, пренесува агенцијата СТА. Податоците од страницата за „Ковид 19“ во Словенија покажуваат дека бројот на хоспитализации е намален на нешто помалку од 400, од ​​кои 119 пациенти се на интензивна нега.