August 19, 2019 10:56
Балкан

Словенија: Работниците од трети земји мора да научат основи на словенечкиот јазик

Странските работници од трети земји, кои не се членки на ЕУ, во Словенија ќе го изгубат правото на надомест за невработеност и ќе бидат избришани од евиденцијата на Заводот за вработување доколку во рок од една година не ги научат основите на словенечкиот јазик, се наведува во владиниот предлог-закон.

Како што наведува порталот „Журнал24″, во словенечкиот завод за вработување евидентирани се над 7.600 странци од трети држави, а голем дел не ги познаваат ниту основите на словенечкиот јазик.

Странците, во рок од 12 месеци по пријавувањето во заводот за вработување ќе мора да докажат основно знаење на јазикот или ќе бидат избришани од евиденција, пренесува Хина.

Министерката Ксенија Клампфер изјави дека цел на предложените законски измени е поголема интеграција на странските работници на словенечкиот пазар на труд.

Кон крајот на минатата година во словенечките заводи за вработување биле пријавени 7.653 лица од трети држави, меѓу нив најголемиот дел од БиХ, Косово, Северна Македонија и Србија.

Нови вести

Мицотакис во посета на Париз и Берлин

zane

Инспектори од грчката УЈП се претставиле како шпански туристи за да откријат затајувач на данок на Миконос

zane

Александар Вучиќ во ненадејна посета на Њујорк, ќе се сретне со американскиот државен секретар

zane