December 6, 2022 21:29
Балкан

Словенија планира да потроши 780 милиони евра за армијата

Словенечката Влада подготви Закон кој предвидува за вооружување и опрема на армијата државата да потроши 780 милиони евра. Според министерот за одбрана Матеј Тонин, овие средства би се потрошиле за опремување на армијата, инвестирање во воената инфраструктура и човечки кадар. Ако предлог законот биде изгласан во Собранието многу е веројатно дека Словенија до 2026 ќе го исполни барањето на НАТО секоја земја-членка да одвојува по два проценти од својот бруто-домашен производ (БДП) за одбраната.

Според Стратешкиот одбранбен план, на словенечката армија и се потребни вкупно три милијарди евра за опремување на два средни борбени баталјони.

Од Министерството за одбрана веќе месеци наназад предупредуваат дека армијата се соочува и со недостаток на кадар, па поради тоа се распишаа неколку повици за доброволно приклучување на вооружените сили.

Инаку, премиерот Јанез Јанша кога беше во опозиција до Собранието поднесе предлог Закон кој предвидуваше постепено повторно воведување на задолжително служење воен рок. Ваквиот предлог не доби поддршка од пратениците.