December 5, 2022 22:10
Спорт

Словенија за првпат има претставник во полуфиналето на Ролан Гарос

Изненадувањата се составен дел од спортот, па и во тенисот. Словенија за првпат доби претставник во полуфиналето на вториот сезонски гренд-слем турнир Ролан Гарос. Овој исотриски успех го приреди Тамара Зиданшек, која во четвртфиналето во трилер-меч ја елиминира Паула Бадоса од Шпанија со 2-1 во сетови (7-5, 4-6 и 8-6).

Зиданшек по голема борба успеа да го добие првиот сет со 7-5. Во вториот имаше предност од 4-2, но Шпанката со серија од четири гема стигна до израмнување на 1-1. Во третиот сет Бадоса поведе со 2-0, но Зиданшек брзо успеа да се врати. Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која подобро се снајде Словенката успевајќи да го добие одлучувачкиот сет со 8-6.