August 13, 2022 20:00
Балкан

Словенија зафатена од снежно невреме

Големите снежни врнежи во некои делови на Словенија го отежнаа сообраќајот, а сите зимски служби и пожарникарите имаа полни раце работа. Најтешко е во општините Солчава, Велење, Војник, Крањ, Подвелка, Равне, Жалец и Марибор.

Како што се наведува, до надлежните служби биле пријавени 17 инциденти, а покрај професионални противпожарни единици, ангажирани се и 11 доброволци. Најголем дел од работата се однесуваше на отстранување на дрвјата кои паѓаа под тежината на снегот и ги блокираа патиштата.

Во Савињскиот регион наврнаа 40 сантиметри снег, додека на планините се измерени повеќе од половина метар снег. Во моментов сите патишта се проодни, но се препорачува внимателност на коловозот.