November 28, 2020 05:47
Балкан

Словенија воведува забрана за движење меѓу општините

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, рече дека од утре ќе биде воведена забрана за движење меѓу општините, што ќе важи за целата територија. Забраната ќе биде на сила во текот на седум дена и постепено ќе се олеснува во оние региони кои ќе бидат најуспешни во борбата против пандемијата.
Јанша преку пораката на твитер ги повика сите граѓани да ги сведат контактите на минимум, за ограничувањата да бидат укинати што е можно побргу, пренесува СТА.
Тој додаде дека случаите во кои граѓаните ќе можат да ја напуштат својата општина ќе бидат слични како оние во март, кога беше донесена слична мерка.
Се очекува исклучоците да бидат слични на оние кои се однесуваат на забрана на движење помеѓу регионите, кои се веќе во сила, како што се патувања за да одат на работа, за земјоделски активности, да одат на лекар или аптека или да се грижат за близок роднина.
Во Словенија, во саботата се потврдени 1.675 нови случаи на инфекција со коронавирус, починаа пет пациенти, што е втор најголем број на пациенти од почетокот на епидемијата, по рекордните 1961 заразани од вирусот претходниот ден.
Бројот на пациенти примени во болниците продолжува да се зголемува, а во неделата вкупно се хоспитализирани 508 пациенти, од кои 71 се во единиците за интензивна нега.