December 15, 2019 19:00
Балкан

Словенечкиот премиер Шарец од денеска нема парламентарно мнозинство

Владата на словенечкиот премиер Марјан Шарец од денеска нема парламентарно мнозинство за гласање закони, откако партијата Левица ја повлече поддршката на Кабинетот поради несогласувања околу укинувањето на дополнителното здравствено осигурување.

– Ова е последно домино во низата која падна, констатираме дека Владата отстапи од договорот што го имаше со нас, па договорот за нашата соработка со владата повеќе не го сметаме за обврзувачки. Од сега сме во вистинска опозиција, изјави претседателот на Левица Лука Месец.

Неговата партија во Парламентот има девет пратеници и од создавањето на лево-либералнара Влада на Марјан Шарец минатата година ги поддржуваше владините социјално насочени програми согласно посебен договор, иако немаше свои претставници во Владата.

Нови вести

Евакуиран трговски центар во Сараево поради дојава за бомба

zane

Имиграцијата е 12 отсто од вкупното словенечко население

zane

Смена на врвот на Социјалдемократската партија на Косово по изборниот дебакл

zane