February 27, 2021 04:33
Свет

Словаците смеат на работа и на село само со негативен тест за Ковид-19

На Словаците нема да им биде дозволено да одат на работа или да патуваат на село ако немаат скорешен негативен тест за Ковид-19, пренесува РТ. Правилото стапува на сила следната недела, со тоа што Братислава се надева дека дотогаш ќе го зголеми тестирањето.

Планот е поделен на две фази. Првата, која започнува во понеделник и ќе трае една недела, предвидува Словаците да излезат на местата за тестирање за Ковид-19 – редовни и мобилни-  за да направат антигенски или ПЦР-тест.

Од следната среда, 27 јануари, Словаците кои не успеале да добијат резултати од тестовите со кои ќе докажат дека не се заразени, ќе бидат затворени во своите домови. Рутинските активности како што се патување до работното место, одење во пошта или на село (за лицата на возраст од 15-65 години) нема да бидат дозволени. Посетите на лекар и купувањето намирници се меѓу неколкуте исклучоци од правилото.

Освен тоа, оние кои живеат во една од 37-те области со поголема стапка на заразеност ќе треба да поминат низ втор круг тестирање. Тие ќе бидат изземени од де факто полицискиот час, кој ќе трае од 3 февруари до 7 февруари, само ако двапати се тестираат негативно. Оние што живеат во преостанатите 36 области нема да мора да ја повторат постапката.

Словачка, нација со околу 5,4 милиони жители, живее под огромна блокада од почетокот на јануари. Како дел од масовните ограничувања, забранети се какви било посети, јавни црковни служби, а рестораните можат да работат само за достава.

Актуелниот карантин треба да истече на 7 февруари. Сепак, владата не исклучи порано олабавување на мерката ако бројот на хоспитализации падне под 2.500. Според Ројтерс, во моментов бројот на хоспотализирани е повеќе од 3.000.

Attack on Titan Season 2 Episode 12 at AnimeHeaven anime heaven site

Hero Return (https://crunchyrollfree.com/m/BQz5) Episode 12 at Crunchyroll crunchyroll premium code