October 19, 2021 03:25
Спорт

Слован од Љубљана победник на првото издание на кошаркарски турнир ,„Драган Василов Цевка”

Со доделување на медалите на најдобрите, викендов заврши меѓународниот кошаркарски турнир за играчи до 16 години „Драган Василов Цевка”. Победник во финалето беше екипата на Слован од Љубљана (Словенија) која успеа да го победи тимот на Академик од Пловдив (Бугарија) со резултат од 72:42.

Во борбата на 3. место меѓу екипите на Реал Гуровиќ Академија (Србија) и Сопрон (Унгарија), повеќе среќа имаше српскиот тим кој победи со 70:69.

Петтото место му припадна на тимот на Црвена ѕвезда со победа против романски Клуж од 62:57, a во „македонското дерби” за 7. место, вардаровите кошаркари беа подобри од ,„младите штркови” на МЗТ Скопје Аеродром со резултат од 71:59.

За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Келер Бендегуз од тимот на Сопрон, а  МВП наградата за најдобар играч ја понесе кошаркарот на Слован, Леон Ивичиќ.

Претходно во натпреварот во забивање победи младиот кошаркар Владимир Цвијетиќ од редовите на Црвена ѕвезда, а во натпреварот во шут за три поени победи бугарскиот кошаркар од редовите на КК Академик Пловдив, Кристијан Желев.

Пехарите на најдобрите ги доделија претседателот на Советот на Општина Аеродром, Ивана Цветковска и Горан Василов, син на Драган Василов – Цевка, кои заедно им честитаа на младите кошаркари и им посакаа успешни кариери во иднина.

Општина Аеродром како организатор на турнирот, се покажа како одличен домаќин и вистински репрезент на кошарката. Од општината потврдија дека овој турнир ќе биде традиционален секоја година, во заедничка организација со Кошаркарската федерација, Олимпискиот комитет и Агенцијата за млади и спорт.

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Website https://animekisa.in: Watch Sadamitsu the Destroyer animekisa Episode 10 watch animes

Val x Love (https://animeheaven.pro/m/6qWQ) Episode 12

Watch anime online for free at AnimeFLV anime

Scoop: https://www.scoop.it/u/gogoanimebe

Facer: https://www.facer.io/u/animefreakws