Search

Сливи џанки во Турција се продаваат за 80 евра

Сливи џанки кои кај нас ги има во изобилство и се користат за печење ракија, во Турција се продаваат по 80 евра за килограм. За истата сума кај нив можат да се купат 14 килограми јагнешко месо, 100 килограми домати или 1.000 марули.  

Не е за верување, но вистината е таа. Во Турција сливите џанки се со цена на сурово злато. Ако сте љубител на овие мали диви кисели плодови бидете подготвени на почетокот на сезоната да платите нешто помалку од 5.000 денари. Кај нас овие родни дрва ги има најмногу во Источна Македонија, а скоро цела Србија е преплавена со нив. Цената е смешна и минатата сезона воопшто никој не ги откупуваше. Проблем имаше и со откупот на поквалитетните сорти сливи кои едвај се продаваа за пет денари килограм на големо. Од нив се вари само ракија и тоа препеченица.

Но за разика од кај нас во Турција цената е астрономска. Оваа сорта за нив е деликатес кој се одгледува во Анталија и Мерсин. И тоа на пазарот се продава за цели 500 турски лири или 80 евра за килограм. Во Истамбул за таа цена може да се купат 14 килограми јагнешко месо. Турската национална телевизија НТВ вели дека ипокрај високата цена сливата се породава како алва.

-Првите плодови се веќе зрели и се одгледани на плантажи во Анталија и Мерсин. Во поснабдените маркети може да се видат пакувани сливи џанки во мали пакувања по неколку плодови. Причината е повеќе од јасна. Цената. Ако е количината поголема на каса вефаќа паника- велат производителите. Најпродавана е количината од 100 грама.

Но и покрај солената цена сепак одредени клиенти едвај чекаа да се појават првите плодови на пазарот. Сепак најголема количина била продадена во градот Адаман, каде биле испратени неколку килограми за бремена жена која јадела многу кисело.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави