February 17, 2019 11:16
Македонија

Следниот состанок на Македонско-бугарската комисија за историски прашања во Скопје

Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство ќе се состане повторно на 19 и 20 февруари во Скопје.

Претставникот на бугарскиот дел од Комисијата Ангел Димитров најави дека ќе се разговара за заедничкото одбележување и прослава на личности и настани од, како што вели, заедничката историја.

Во изјава за БТВ Димитров истакнува дека на средбата ќе се види дали посетата на македонскиот премиер Зоран Заев во понеделникот, навистина била политички знак на благодарност кон Бугарија за помошта и за соработка на патот кон натамошно зближување.

Related posts

Кабинетот на Иванов преку соопштение ги отфрли наводите за вмешаноста во настаните за „27 април“

Ivona

Собранието денес ќе избира судии и ќе гласа за предлог-законот за јазиците

24news

Започна второто полугодие за учениците

24news