January 28, 2022 23:45
Економија

Следната недела ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост

Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се Народната банкаМинистерството за финансииКомисијата за хартии од вредностАгенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор. Заради условите што ги наметнува пандемијата на ковид-19, и оваа година, Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања преку видеоконференциска врска, што ќе овозможи и вклученост на поголем број заинтересирани граѓани. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи, ќе ги информираат граѓаните за активностите и за е-настаните што се планираат, известувајќи и за начинот на пријавување на секој заинтересиран граѓанин.  

Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги. Во текот на годинава, приспособено на условите на „новата нормалност”, финансиските  регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. За следниот период се очекува дополнително засилување на ваквите активности, имајќи го предвид започнатото спроведување на првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто беше усвоена во јули оваа година од страна на финансиските регулатори.

sites to watch anime. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

online anime Death Note

AnimeHeaven High School DxD

sites to watch anime That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub)

watch anime Attack on Titan Season 3 Part 2

online anime JUJUTSU KAISEN (Dub)