January 26, 2021 07:07
Магазин

Славната холивудска двојка прослави 27 години брак

Холивудкста ѕвезда Мишел Фајфер и продуцентот Дејвид Е. Кели прославија 27 години од денот кога се запознале. Глумицата објави две слики на „Инстаграм“, една од времето кога биле во врска, а другата сликана сега, додека седат опуштени дома, па на сопругот му испрати љубовна порака „Мој еден и единствен 27 години“.

Мишел и Дејвид се запознале во јануари 1993 година, кога пријателите им организирале состанок на слепо. Но, состанокот не успеал, бидејќи тоа се претворило во забава и целото друштво отишло на куглање, а двајцата буквално не проговориле ниту еден збор. Но, Мишел сепак го привлекла вниманието на Кели и тој ја поканил во кино следната недела, а врската наскоро станала сериозна.

„Можеби затоа ние сè уште не се заситивме едни од други и кренавме раце од нас, бидејќи нашиот фокус отсекогаш бил на нешто друго. Но, тоа не значи дека го земаме бракот здраво за готово. Ние сепак, барем еднаш неделно, имаме мали, романтични вечери. Само ние двајца“, рекла 62-годишната глумица, која важи за една од најубавите жени во Холивуд.

Двојката има две деца, синот Џон и ќерката Клаудија, кои Мишел ги посвоила уште пред да се запознае со Дејвид. Потоа, тој ги признал како свои.

„Кога го запознав Дејвид, синот Џон веќе живееше со мене, па тоа ми даде можност да видам каков е Дејвид навистина. Тоа што станавме семејство со деца од самиот почеток, навистина ни помогна да пораснеме. На некој начин, тоа го тргна притисокот од нас, зашто можевме да видиме какви сме како родители“, рекла Мишел во интервју за магазинот „Космополитан“.

Пред Дејвид, Мишел беше мажена за глумецот Питер Хортон. Кога се венќале, таа имала 22 години. Двојката се разведе 1987 година.

„Со Питер се омажив многу млада. Сега веќе не сум истата личност како тогаш. Дури и заборавам дека сум била во брак пред овој со Девид. Ни на децата долго време им немав кажано дека еднаш веќе бев мажена. Не дека криев, едноставно, заборавив на тој дел од ѓивотот“, рекла Мишел.

Watch Banana Fish Episode 17 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll 14 day trial

Watch Higurashi: When They Cry – Gou Episode 10 at KissAnime kissanime gogoanime