April 15, 2021 09:40
Македонија

Славески: Не може да се тврди дека економијата се рестартира без можност за масовна вакцинација, тоа го потврдува секојдневниот раст на заболени од КОВИД-19

Проферорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на денештото гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека не се точни тврдењата на Владата дека македонската економија е во фаза на рестартиње, затоа што Македонија е далеку од масовна вакцинација на населението, што претставува еден од основните предуслови за безбедно работење на работниците.

Дека ова е така, потенцираше Славески, го потврдуваат треднот на зголемување на бројот на заразени од КOВИД-19 кој го имаме во последните денови.

„Владата вели дека ова е последен пакет мерки за поддршка на претпријатијата за плати на работниците. Гледаме дека правецот на движење на развој на пандемијата, последнава недела не оди во таа насока, да можеме да очекуваме дека за два три месеци ќе може животот да се нормализира. Во претходните дизајнирани пакет економски мерки, се вршеше буквално поткуп на граѓаните, тоа се нарационално искористени позајмени пари кои што треба да ги враќаме со високи камати во иднина“, истакна Славески.

Тој порача дека мерките да бидат дизајнирани така што секој денар ќе се користи најрационално, затоа што ги трошиме нивните позајмени пари.

Славески им порача на власта, ако сакаат да им помогнат на економијата и македонските граѓани нека нека додаат уште една мерка во нивниот последен пакет мерки, кој ќе биде 30 по ред, но прв по важност, а тоа е да го сузбијат корона вирусот и пандемијата која тој ја предизвика.

„Ние слушнавме дека се предлагат 29 мерки. Јас од лично искуство знам дека колку е поголем бројот на мерките, толку е помала ефикасноста во нивното спроведување. Мојата препорака би била, додајте уште една мерка, 30 ама прва по важност, да се направи се што е во наша моќ да се сузбие пандемијата што поскоро“, порача Славески коментирајќи го последниот, петти по ред пакет мерки за поддршка на стопанството.

Тој посочи дека пред некој ден делегација со економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од претседателот, Христијан Мицкоски имаа една многу успешна, пријатна средба со раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија, каде што се сложија со тоа дека на македонската економија и треба масовна вакцинација.

 

 

GoGoAnime free anime: Watch My Hero Academia 3 (Dub) Episode 14

AniWatch dubbed anime: Watch Dragon Ball Z (Dub) Episode 159