March 3, 2021 03:40
Македонија

Славески: Економија е исцрпена, не случајно Владата најави дека ова е последен пакет на антикризни мерки

Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва гостуваше во емисијата „Топ Тема“ говореше за целата ситуација со КОВИД-19 во земјата и посочи дека Македонија е земја која полека се исцрпува и не случајно владата навести дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плата во висина од минималната плата.

„Најважна мерка треба да биде сузбивање на пандемијата, со сите можни средства, продолжување дури можеби и зајакнување и воведување на поригорозни мерки. Како што гледаме сега од ден во ден се зголемува бројот на дијагностицирани лица, се зголемува бројот на починати лица, на хоспитализирани лица. Во некои центри во Република Македонија жаришта на кризата како што е на пример Прилеп гледаме дека веќе се полнат болничките капацитети, се враќаат модуларни одделенија и така натаму. Нема простор за опуштање. Ние сме една од земјите полека се исцрпуваме и не е случајно она кое владата го навести, а тоа е дека ова е последен пакет на мерки за поддршка на плати во висина на минимална плата овие два месеци што би се покриле со петтиот пакет месеците февруари и март“, рече Славески во своето гостување.

Понатаму Славески во своето гостување говореше за   мерките кои ги презема власта за надминување на кризата и укажа дека државата користела позајмени средства кои ќе треба да се враќаат со релативно високи камати. Имено Славески објасни дека  главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било  многу слабо.

„Да се потсетиме дека ние користевме позајмени средства кои што ќе треба да ги враќање со релативно високи камати. Главната забелешка е дека планирањето, таргетирањето на мерките било  многу слабо, од таму некаде предвидено над милијарда евра средства искористени само 1/3 или 3.5% од БДП. Овдека ако дозволите само сакам да споменам дека првата седница на оној економски совет кој беше формиран за време на техничката Влада, по првиот удар на пандемијата јас имав дискусија и нормално сите дадовме проценки или веројатности. Спомнав дека можеби ќе треба да се троши 1% од БДП месечно  во тоа време беше околу стотина милиони евра месечно. Владата го предвидела со досегашните четири пакети  мерки, но  далеку е од искористеноста“, додаде Славески.

Владата тврди дека мерките се носени во консултација со бизнис секторот, реалноста не го покажува тоа, вели Славески.

„Паѓа во вода тоа дека мерките се во консултација со бизнис секторот. Денес гледаме дека не е така. Имаше протести во Скопје на главните улици и се беше блокирано. Блокадите и протестите  беа токму од тој бизнис сектор“, кажа Славески.

Славески додаде дека парите кои што ги дава Владата на организаторите на настаните се многу малку.

„Има 29 мерки на број но не може сите да ги коментираме, но вака телеграфски она што би го кажал како што гледаме ајде да почнеме со оние кои што денес протестираа организаторите на настани, свадби. Не мислам дека може да се вратиме на она што било како организација на настаните пред КОВИД кризата, но помошта треба секако да биде поголема. За тоа што овие средства што им се даваат не стигнуваат ниту за минимална плата, а тие имаат и трошоци за кирија, за комуналии“, појасни Славески.

„Мала е и помошта што е предвидена и за занаетчиите, околу 5.000 евра. Занаетите и занаетчиите се многу тешко погодени“, рече Славески.

 

JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39 at website https://animeheaven.pro. See more dragon ball super anime heaven

Watch Tokyo Ghoul √A Episode 1 (https://kissanimeonline.com/m/3P3/ep-1) at website https://kissanimeonline.com promare kissanime