December 1, 2021 17:04
Македонија

Славески: ВМРО победува во прв круг во Прилеп и 10 други општини

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, на гостивање на ТВ Телма предмалку изјави дека неговата партија победува во прв круг во вкупно 11 општини. Најголемата е Прилеп.

Сите општини во кои , Според Славески, ВМРО-ДПМНЕ победува во прв круг во Јегуновце, Градско, Могила, Сопиште, Петровец, Прилеп, Виница, Босилово, Василево, Карбинци иИлинден.

Прашан, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во некоја од скопските општини бидејќи партискиот портпарол Димче Арсовски најави дека ВМРО-ДПМНЕ води во сите, Славески ја „спушти топката“. Објасни дека како партија имаат информации за водство во одредени избирачки места, кои би можеле да бидат индикација за конечниот исход.