Македонија

Слабости во работењето на Уставниот суд, утврди Државниот завод за ревизија

Уставниот суд нема донесено програма за работа, не воспоставил внатрешна ревизија, ниту сметководствена евиденција за набавка и издавање материјали, покажува слабости во вршењето на пописот на средства и обврски, а за дел од набавките на стоки и услуги не ги применува одредбите од Законот за јавни набавки.

Ова се заклучоците од конечниот ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија.

-Изразивме мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставени политики, наведува Државниот завод за ревизија во сублиматот од конечниот извшетај.

Клучните препораки се Уставниот суд да донесе програми за работа и распоред, да врши целосен попис согласно прописите, да евидентира материјали и да набавува стоки и услуги со примена на Законот за јавни набавки.

Целосниот Извшетај за направената ревизија може да се прочита на https://dzr.mk/sites/default/files/2021-04/9_FR_Ustaven_sud_2021_KOMPLET.pdf.

AnimeFreak animefreak avatar: Dr. Stone (Dub) Episode 24

AnimeTV dragon ball anime tv: JoJo's Bizarre Adventure: Golden Wind (Dub) Episode 39