November 27, 2021 18:36
Култура

Скулпторот Жарко Башески ќе изложува во миланската Кралска палата

Македонскиот скулптор Жарко Башески ќе претстави две свои дела на меѓународната концептуална изложба што ќе се одржи во Кралската палата во Милано, под насловот „Тело Господово: Од глорифицираното тело до урнатините на душата“, како постаква на реномираната италијанска кураторка Франческа Алфано Миљети.

Изложбата, која за публиката ќе биде отворена на 27 октомври оваа година и ќе трае до 22 јануари 2022, е во организација на Кралската палата и Општина Милано, со поддршка од издавачката куќа „Марсилио Арте” и „Тенедерсторис”.

Башески, инаку познат по делата изработени во хиперреалистичен манир кои се дел од
најеминентните интернационални изложби, на „Тело Господово” ќе се претстави со скулптурите „Вон…” и „Автопортрет 1″, заедно со 33 други меѓународно признаени уметници и вистински икони на современата уметност како Јозеф Бојс, Кристијан Болтански, Антони Гормли, Џон де Андреа, Јаел Бартана, Роберт Лонго, АЕС+Ф и други.

На 1.000 квадратни метри изложбен простор, вкупно 111 дела меѓу кои инсталации, скулптури, цртежи, слики, видеоинсталации и фотографии за првпат ќе бидат изложени концептуално, за колективно да ги откријат мноштвото начини на што се претставува човечкото суштество, или според самата Миљети, да го илустрираат патот од глорифицираното телото, до урнатините на душата.

Поставката ќе раскаже приказна преку анализа на појавата на нови форми на претставување во современиот свет, фокусирајќи се на историскиот премин на живото тело, протагонист во т.н. Body Art до одново осмисленото тело на хиперреализмот, за променливите естетски канони на репрезентација и за моќното евоцирање на поединецот преку трагите кои тој ги остава зад себе.

Приказна наменета да се одрази на кризата на сетилното искуство предизвикана од појавата на културата која нуди совршени тела, модифицирани тела, тела кои се одново измислени, сосема различно замислени и ре-произведени, а со тоа и во суштина лажни.

Според организаторот, изложбата „Тело Господово: Од глорифицираното тело до урнатините на душата” е резултат на заедничката работа на уметниците, музеите, фондациите, архивите, галериите и колекционерите од Италија и од други земји, со цел да понудат преиспитување на концептот на човештвото по шокот и пресвртот предизвикан од Ковид-19.

AnimeTV: ACCA: 13-Territory Inspection Dept. (Dub) anime episode 12 online free at https://animetv.cc anime tv shows

AnimeFLV: Shakugan no Shana II (Second) Specials anime episode 3 online free at https://animeflv.uk anime websites

GoGoAnime: Lupin III: Touhou Kenbunroku - Another Page anime episode Full online free at https://gogoanime.be gogoanime pokemon

AnimeHeaven: Green Green Specials anime episode 3 online free at https://animeheaven.pro animeheaven hunter x hunter

Animepahe Watch english anime Online in HD for FREE