Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела. Но, тоа не е причина да не ги продолжиме разговорите со Владата, со цел конципирање ново законско решение што ќе биде прифатливо за сите, информираат од Сојузот на стопански комори.
-Во моментов, законското решение што е во важност, нема бизнис-логика, а има многу можности за негово прилагодување, кои не се спротивни на Уставот. Притоа ги имаме предвид компаративните искуства од опкружувањето, па дури и од членките на ЕУ, каде што работата во недела не е ограничена на ваков начин како кај нас, а сепак не е спротивна на уставните принципи. Во тој правец ќе дејствуваме и ние во следниот период, велат од ССК.