June 26, 2022 12:05
Свет

Скот Морисон се надева на „чудо” за нова победа на изборите во Австралија в сабота

Премиерот на Австралија, Скот Морисон се надева дека ќе се повтори „чудото” од минатите избори, кога заостанувањето во анкетите, го претвори во победа. Но, ќе мора да се надмине колективната траума од изминатите три години, пишуваат локални медиуми.

За тој период, Австралијците се соочија со неколку катастрофални шумски пожари, разорни поплави и строго пандемиско заклучување.

Инаку меѓу најоптимистичните избирачи во светот, Австралијците станаа доста песимистични и загрижени за својата иднина, покажаа истражувања на јавното мислење.

Лабуристите во кампањата силно им замерија на оние на власт, за наглиот раст на инфлацијата и бавното зголемување на плати. Либерално-националната колација, предводена од премиерот Скот Морисон, истакнуваше дека невработеноста е најниска од 1974 година.

– За економијата, најважно е луѓето да имаат работа. Се залагам за поголеми плати, но и за пад на невработеноста, изјави Морисон.

Околу 67 отсто од гласачите, во анкета објавена од Сидни Морнинг Хералд, поддржа зголемување на основната плата и покрај предупредувањето на Морисон, оти тоа би можело да ги оптовари малите бизниси и економијата.

Лабуристичкиот лидер Ентони Албанис изјави дека ќе го поддржи предлогот за зголемување на минималната плата за нешто повеќе од пет отсто.

Инфлацијата го „изеде” зголемувањето на платата, создавајќи притисок врз семејните буџети. Морисон за порастот на животните трошоци, ги обвини војната во Украина и „заклучувањата” во Кина поради пандемијата.

Пред гласањето в сабота, лабуристот Албанис ќе посети пет сојузни држави, обидувајќи се да придобие 20 изборни единици, каде разликата е многу мала.

– Не можеме ништо да земеме здраво за готово. Неколку изборни единици може да пресудат за малата разлика во гласовите, изјави Албанис.

Анкета на Гардијан покажа оти речиси седум отсто од избирачите се неодлучни. Токму тие би можеле да пресудат за да се одреди победникот.

Game Go88 và Link đăng nhập vào Go88 mới nhất khi bị chặn Go88 - Huyền Thoại Nỗ Hũ Siêu To play go88 đăng nhập

sunwin miễn phí tải game sunwin Tải SunWin APK/Android/iOS/Web sunwin mẽ