January 24, 2022 20:46
Култура Магазин

Скопје Фото Недела – шеста година по ред ги обединува фотографите од земјата и светот во Скопје

Скопје Фото Недела (Skopje Photo Week) шеста година по ред ги обединува сите фотографи и видеографи од Македонија и регионот да ја раскажат својата приказна и да ги унапредат своите вештини. На 1 – 2 декември 2021, се гледаме во Скопје, но повторно виртуелно.

Приклучете се бесплатно на следниот линк и следете ги предавањата, од кои секој може да научи по нешто ново.

Предавачи за време на дводневниот настан ќе бидат Владо Ѓоргиев, Орце Поповски, Душан Кардалевски и Ани од фотографското дуо Ани и Дими.

Имате директната можност да учите од најдобрите фотографи и уметници од своите полиња на дејствување и да дознаете кои се новите техники на работа, но и да ги подобрите постоечките. Разменуваме искуства, прошируваме познанства и градиме нови пријателствата. За време на видео сесиите, кои ќе бидат достапни на Facebook страницата на #SPW, ќе ја имате можноста за поставување на прашања, кои ќе ви бидат одговорени од предавачите.

Скопје е град познат по својата разноличност, шареноликост и е град на контрасти. Огромен број фотографии се случуваат секој ден на неговите улици и во неговите паркови, мемории уловени во дигитален формат. Тие ја раскажуваат приказната за душата на градот и луѓето кои живеат во него.

Skopje Photo Week е шести по ред настан во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент (Полска), кој се одржува традиционално секоја година. Претходно беше под името ISPV – International Summit of Photographers & Videographers, од 2020 година е со ново име и концепт – Skopje Photo Week (#SPW).

free anime online. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

Fairy Tail Episode 167

animedao One Piece

watch anime online Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

anime streaming Attack on Titan (Dub)

AnimeDao DARLING in the FRANXX