January 29, 2023 13:05
Скопје

Скопје (Т) Ерор: Нема кој не се запраша „Каде живеам јас“

Има една приказана, ќе се обидам да ја раскажам културно и кратко, односно започнува вака:

Зад седум мориња, седум езера, седум реки, седум планини, седум ридови, седум долини, седум извори… си живеел еден змеј. Едно утро се разбудил, седнал на еден камен и си рекол:

– Па каде живеам јас!?

Откако почна саботажата во Скопје, нема кој не се запраша „Каде живееме“? Градот функционира со „системска грешка“, а граѓаните само воздивнуваат во автобусите, автомобилите или каде и да се нашле денеска на пат до дома или од дома.

За ништо не се виновни, а трпат невиден терор?! Финансиски, физички, психички…

И сега следејќи ја приказната и имајќи го предвид фактот дека навистина изгледа живееме зад седум мориња, океани, планини, брда и долини, од цивилизираниот свет и цивилизираните решенија, логично е да се заклучи дека ќе мора да сме некои змејови, штом успеваме да го издржиме сето ова и уште, и уште… и друго објаснување немам.

Да, и кога веќе станува збор за чисто чудесна или можеби само фантастична приказна, не можам а да не се запрашам, каде е убавицата? Нели секаде ја има?!

Анета Тасова

Фото: Владимир Ставров

извор: бриф.мк

Поврзани вести

(ФОТО) Скопје – град на сообраќајна некултура

admin

Скопје денеска беше преселено на Водно (видео+фото)

blink

Екстерно опасен загаден воздух во Скопје (видео)

blink