October 18, 2021 12:16
Македонија

Скопје, Тетово, Куманово и Охрид со најмногу активни ковид случаи

 Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани, поради што продолжуваат апелите за  што помасовна имунизација.

Како што информираше веб страницата ourworldindata.org., според бројот на смртни случаи, минатата седмица во Европа прва е Северна Македонија со 96 починати лица, што е четврто место во светот. По Северна Македонија се Бугарија, БиХ и Косово, а Србија се наоѓа на 27. место во светот.

Според податоците што ги објави вчера Министерството за здравство во претходното деноноќие од направени 4.015 тестирања се регистрирани 365 нови случаи на КОВИД-19, 551 оздравен пациент, како и 23 починати лица, на возраст од 45 до 89 години.

Од активните 13.052 ковид случаи, најмногу, 5.833 се во Скопје. Над илјада активни случаи има во Тетово, а со висока бројка се и Куманово – 914,  како и Охрид – 668, Струга – 638, Гостивар – 530, Струмица – 518,…

Министерот за здравство Венко Филипче завчера апелираше граѓаните сериозно да ја сфатат работата со коронавирусот, бидејќи како што рече, само со вакцинација е единствениот начин да постигнеме колективен имунитет и да бидеме заштитени. Посочи дека нема ниту еден аргумент зошто граѓаните не би се вакцинирале. Филипче информираше дека со есенските месеци, ризик факторите дополнително ќе се зголемуваат, луѓето повторно ќе бидат во затворени простории.

Филипче нагласи дека најавените нови мерки со кои само со примени две дози ќе може да се оди на настани, во затворени простории, во угостителски објекти и молови се логичен след на она што веќе како мерка е воведено и потенцираше дека и при следните мерки, ќе се остави доволно простор, две до три недели, за да можат граѓаните да се вакцинираат.

Четворица ученици од штипските основни и средни случаи се потврдени како позитивни случаи на коронавирусот во текот на викендот, а има и по еден наставник и воспитувач од девотелетка и градинка.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека од почетокот на учебната година па до денеска регистрирани се 25 ученици позитивни на Ковид 19. Половина од нив веќе се и вратени на настава. Во текот на денов ќе анализираат и дали ја имаат и правата локална трансмисија во градинка од дете на воспитувач. Имаат, вели, благо зголемување на заразени со вирусот од 10 до 19 години, но состојбата е далеку од загрижувачка. Во штипските конфекции немаат локална трансмисија на вирусот и им се појавуваат случаи на заразени работнички, кои со вирусот се заразиле по контакт со член од семејството.

Од СВР Тетово вчера информираа дека е лишен од слобода сопственик на угостителски објект во Гостивар бидејќи при контрола биле затекната три лица без сертификат за вакцинација. Објектот во кој била извршена контролата  времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат. Сопственикот С.Е., кој бил лишен од слобода ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186 914, на оздравени пациенти е 167 402, а на починати е 6.460.

Website https://animedao.nl: Watch Ghost Hound (Dub) animedao Episode 22 overlord animedao

Watch Baja no Studio Episode Full

AnimeTV Watch Anime Online | AnimeTVStreaming Anime Episodes

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Animeflixnl tumblr: https://animeflixnl.tumblr.com/

Telegra: https://telegra.ph/KissAnime-Watch-Anime-Online-06-09