December 7, 2022 20:01
Скопје

Скопје страда заради бизнис интересите на Арсовска, Ковачевски и Зечевиќ, сите се ставени во погон за штитење на провизиите од Турците

Скопје страда заради бизнис интересите на Арсовска, Ковачевски и Зечевиќ, сите се ставени во погон за штитење на провизиите од Турците.

Арсовска сакаше да влијае во тек на постапка за избор на изведувач и инсистирала на смена на Комисијата, што е спротивно на праксата на ЕИБ. Златко Перински не дозволи незаконие во постапката за прочистителна станица и затоа и засмета на Арсовска и СДС кои здружно се борат во обидот за криминал.

За сите нереализирани барања и неостварени ветувања за кои зборуваат од СДС, ги повикуваме дезертерот Ковачевски и калфата на дезертерот Ковачевски, Миле Зечевиќ да ги постават како прашање на една од тајните средби со Арсовска.

Токму поради нереализацијата на проектите и криминалните интереси денес Арсовска не е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, но затоа СДС троши десетици илјади евра на билборди, спотови и флаери да ја оправда Арсовска.

Ако беа проблем членовите на Комисијата за пречистителна станица дезертерот Ковачевски и Арсовска да кажат зошто сега не ги разреши. Или пак новиот директор ќе ја спроведе насоката на СДС – овскиот турски фаворит за пречистителна станица.

Дезертерската коалиција Ковачевски, Арсовска функционира беспрекорно само кога бизнисите се на сцена.